сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 257 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 257 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 257 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 29 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 санкции за управување под дејство на алкохол и 34 за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од полицијата.

Најнови вести