вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 7 патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

МВР: 7 патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

На 29.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај седум патнички возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

-При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информира МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Најнови вести