Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, соопшти АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)