Денеска 2 часа чекав да се уклучам во емисија каде што гостува Петре Шилегов на Канал 77 за да ги расчистам дневно политичките финти кои што ги прави Петре, но бидејќи не знам зашто немав можност сакам тука да ги изнесам на социјалните мрежи, пишува на Фејсбук Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено, Петре Шилегов после 3,5 години НЕработење е свесен дека во Кисела Вода и тој и Темелкоски ќе изгубат катастрофално, се обиде 70 000 луѓе кои што живеат во тој предел од Скопје да ги излаже дека започнува со продолжување на Булеварот “Борис Трајковски”, а заборава да напомене дека на седниците за буџет за 2018, 2019, 2020 и 2021 година имаше предлог амандман од советниците за да се обезбедат средства за продолжување на Булеварот, но Петре ги одби. Сега пред избори се обидува да покаже дека ќе го продолжи Булеварот, а заборава да каже дека за тоа предвидува само 2.000.000 денари, средства кои што се минорни и незначителни, а дополнително и во развојните програми за наредните 2 години никаде не е предвиден овој Булевар.
Од тука темата и тезите за имињата на улиците, се обид на Петре да стави димна завеса на скопјани поради многуте нереализирани проекти ветени во програмата 2017 година:
✖️Продолжување на Илинденска со мост кон Ѓорче
✖️Тунелот под Кале
✖️Спуштена раскрсница кон Мавровка
✖️Пошумување на Водно ос страната на Кисела Вода
✖️Зелена порта на влезот во Ѓорче
✖️Кружен тек на влезот на Скопје кај Сарај
И многу проекти кои што во овој момент не му одговараат на Петре народот да ги зборува, туку повеќе му одговара да разговараме за незначителни работи кои што нема да им го сменат животот на скопјани. Петре од прашања може да побегнеш, но од народот нема бегање, пишува Нелоски.