Вечерва Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за „24 Анализа“ посочи дека Спасовски преку смешната акција сака да ги сокрие покрупните риби кои што се во позадина во скандалот „Мафија“. А, поради овој скандал ни се заканува и укинување на безвизниот режим.
„Она што ни дава нас причина да се сомневаме со целата ова, да речам на еден начин спрега помеѓу државата и мафијата е тоа што јас како граѓанин не можам да поверувам дека еден обичен службеник техничар кој што работи во министерството или пак човекот кој што е вработен на шалтер може да внесе во државата криминалци. Значи да не заборавиме ова не се ниту обични криминалци, не се луѓе кои што направиле само еден обичен прекршо, значи говориме за луѓе кои што се од италијанската мафија, од албанската мафија, од турската мафија, се разбира црногорските кланови, црногорската мафија и еден од луѓето кои што го извадивме,а тоа е и од терористичката отганизација ИСИС. Ова се луѓе кои што не можат туку така да влезат на граничен премин во државата и да отидат во некоја државна институција и да извадат патен или било каков документ“, нагласи Нелоски.
Нелоски посочи дека дури и Спасовски има фотографии со неко луѓе кои што се обвинети. Значи досега имаше само пратеници и коалициони партнери на власта фотографирани со ваков тип на криминалци кои што извадиле пасоши.
„И тука не говорам за фотографија случајно на улица најдени. Говорам за фотографија која што е дел од одередена највереојатно семејна или интимна прослава, и тука доаѓа прашањето како е можно баш министерот да се најде на талва прослава кај еден од обвинитетите“, појасни Нелоски.
Нелоски додаде дека таквата поврзаност на Спасовски со еден од осомничените го носи овој скандал до самиот врв на власта.
„Она кое што ме загрижува е кое што денеска излезе по медиумите е тоа што овој скандал со пасошите ќе можеби има и далекусежни последици за сите граѓани. Бидејќи кога говориме за безвизниот режим кој што де факто на еден начин ние како држава сме дозволиле ЕУ да има закана од нашите патни исправи бидејќи 215 патни исправи не се мала работа. Од денеска можеби доаѓа и во прашање и нашата либерализација за безвизниот режим кон ЕУ бидејќи еден од условите за добивање на таква либерализација е прашањето за безбедност на документите“, нагласи Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Анализа“.
Нелоски додаде дека од ЕП јасно укажуваат дека има повеќе точки под кои се оценува визната либерализација за секоја земја. И токму патните исправи се една од точките.
„Дополнително она што е страшно, е тоа што ние сме го имале овој случај 2019-та година откриен говорам.“, појасни Нелоски.