петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неспособноста на Царовска на дело, наставниците купуваат и основни средства за хигиена

Неспособноста на Царовска на дело, наставниците купуваат и основни средства за хигиена

Училиштата каде се спроведува настава со физичко присуство во време на пандемија и кога хигиената е еден од предусловите за спречување на заразата не ги исполнуваат основните хигиенски услови. Наставниците кои спроведуваат настава со физичко присуство се жалат дека во училиштата немаат доволно средства за дезинфицирање за да се запазат протоколите. Имено тие велат дека поради ваквата ситуација мораат лично од својот џеб да ги купат средствата за дезинфицирање.

-Наставничка сум во основно училиште каде наставата се спроведува со физичко присуство. Пред да почне настава како и по завршувањето на наставата мора да се изврши дезинфицирање во училницата. Средствата кои ги имаме во училиштата не се доволни за да се спроведе ова, затоа сме приморани лично ние наставниците да ги купиме средствата од нашиот џеб, вели наставничка.ж

Сето ова говори дека Владата како и министерката за образование и наука, Мила Царовска не водат грижа за здравјето на учениците и наставниот кадар. Тоа го покажува и секојдневната бројка на новозаразени во училиштата.

Министерството за образование и наука информираше дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на КОВИД-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.

Најнови вести