вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Барањето за промена на Устав не е последно, туку почеток на низа барања на Бугарија за промена на историјата

Николоски: Барањето за промена на Устав не е последно, туку почеток на низа барања на Бугарија за промена на историјата

Навистина една исклучително значајна тема и тема која што го оптеретува просецот на европските интеграции на Македонија веќе 20 години, државата 2000 година потпиша договор за стабилизација и асоција, 2005 година стана земја кандидат за членство тогаш заедно со Хрватска. Хрватска е денес не само земја членка на ЕУ, туку го воведува еврото како валута и станува дел од шенген системот. Ние за жал сеуште не можеме да започнеме преговори. Прво тоа беше проблемот со Грција, сега еве проблемот со Бугарија и за жал државата стои во место во делот на напредокот на ЕУ, а со тоа се блокираат и воени процеси, најчесто неправилно и многу често во однос на основните човекови права или основното човечко достоинство, мислам дека нема втор пример каде што на вака систематски и темелен начин се удира врз основните човекови права, правото на самоопределување, правото на користење на мајчин јазик, правото на цитирање, на здружување, на самоопределување, потенцираше Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Комисијата за европски прашања.

Николоски во текот на своето обраќање во врска со членството на Македонија во ЕУ потенцираше дека е јасно дека патот на Македонија кон ЕУ ќе оди паралелно на два колосеци.

-Во таа насока можеби има и една корисна работа од ова што го кажа господинот Јорданов кој што многу добро ја познава проблематиката, а тоа е дека мислам дека мимикријата треба да престане во јавноста и е јасно дека патот на Македонија кон ЕУ ќе оди паралелно на два колосеци, едниот колосек биде доколку почнат преговори кои што се во делот на тие рамки, а вториот ќе бидат преговори со Бугарија. И ова го зборуваме подолг временски период, за жал од власта добиваме розеви приказни кои што не се вистинити, кажа Николоски.

Николоски укажа дека крајно понижувачки за Македонија е да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи.

-Во таа насока мислам дека е крајно понижувачки за Македонија да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи. Барањето за промена на Уставот која ја слушнавме сега не е крај туку почетокот на реализација на вакви барања. Точно е дека постојат и други држави кои што разговараат за историјата но ни една друга држава не била условена со промена на сопствената историја со цел да напредува во европските интеграции како што е условена Македонија, затоа што работата на историската комисија стана дел од преговарачката рамка преку условувањето на протоколите коишто оваа комисија треба да ги усвојува и да ги имплементира после тоа, а тоа практично значи да се прифаќа едноставно гледање на историјата, во спротивно државата нема да напредува. Впрочем слушнавме тука и еден пример, а тоа е дека националната фигура број еден на оваа држава беше еве сега беше прогласена за нешто што во ниеден момент не сме ја доживеале. Затоа мислам дека никој не треба да се чуди зошто 85% од етничките Македонци се против таканаречениот француски предлог. Да поедноставам, тоа е повеќе од вкупниот број на луѓе коишто излегуваат на избори и тоа било кога и на било кои избори. И ова е такво однесување на Бугарија дополнително ќе создава револт и отпор кај луѓето, треба да сте свесни за таа работа и ќе прави невозможно било каков напредок, затоа што ваквата политика на уцени и на притисоци само ќе води кон контра ефект на другата страна пошто никој не сака да биде национално понижен, ниту било кој сака да му се диктира перцепцијата за себе, вистината за себе и вистината за неговите предци, додаде тој.

Најнови вести