недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Истражните органи ќе ги повикаме да ја одредат и да ја потврдат веродостојноста и целокупното спроведување на оваа процедура

Николов: Истражните органи ќе ги повикаме да ја одредат и да ја потврдат веродостојноста и целокупното спроведување на оваа процедура

-Вака беше најавувано повторно проект јавно приватно партнерство и тоа јавно приватно партнерство за стерилизација. Ние како партија во еден наврат или во повеќе наврати најавуваме дека станува збор за една постапка која што не е доволно транспарентна, изјави на новинарско прашање Игор Николов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Деновиве имаме информации дека е донесена одлука, но целата процедура воопшто не беше спроведена транспарентно целата процедура е ставена под знак прашалник и би апелирале и до оние кои што ја донеле одлуката и до оние кој што сметаат да бидат дел од некакво јавно приватно партнерство кое што гледаме како кула од карти им се распаѓа односно не се менаџира и не се спроведува како што треба да бидат внимателни заради тоа што кога партијата ќе се врати на власт истражните органи ќе ги повикаме да ја одредат и да ја потврдат веродостојноста и целокупното спроведување на оваа процедура.“

Најнови вести