четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Поради лошата организација на министерството за здравство во здравствениот центар во Струга 58% од вработените се заразени од морбили

Николов: Поради лошата организација на министерството за здравство во здравствениот центар во Струга 58% од вработените се заразени од морбили

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Отворено на Алфа“ при што посочи дека министерството за здравство имало огромни пропусти при епидемијата за морбили и не се реагирало навреме.

Од министерството за здравство требаше да се добијат директиви и да се добијат наредби коишто ќе бидат на ниво, повисоко ниво да се спречи колку може проширувањето на епидемијата. Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека објавуваме епидемија за морбили на 3-ти јануари, а правиме списоци за вакцинација на медицинскиот персонал на 28-ми април, појасни Николов.

Николов исто така истакна дека тоа претставува ноторен пропуст за министерството за здравство. Врз основа на тој ноторен пропуст на министерството за здравство смета дека треба да се дискутира и да се разгледаат натамошни стратегии.

Ние бевме во контакти со меѓународни институции верувам дека и министерството беше во контакт кои што уште на самиот почеток сугерираа на прогласување на епидемијата да се активираа порадикални, посилни и позначајни мерки за спречување на епидемијата. Бидејќи епидемијата која што се сретна кај нас минатата година беше и во Франција, додаде Николов.

Николов за пример го посочи мобилизираниот е здравствениот центар во Струга каде што има 58% заразени од морбили здравствени работници и тоа не е како резултат на глобално дејство, тоа е чисто резултат на лоша организација на самото министерство.

Како пример ќе кажам кога министерот и сите градоначалници на 1-ви јануари се сликаа со новороденчиња за да на 3-ти јануари објават епидемија. Сакате да кажете дека на 1-ви јануари министерството немаа информации дека бројот на морбили расте на инфективна клиника. Не е точно, станува збор за состојба во која што се соочуваме со практично една епидемија која е последица на неорганизираност. Епидемија на незаинтересираност, и епидемија на манипулација со бројки по мене, појасни Николов.

Најнови вести