недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Никовски за КУРИР: Опозицијата направи корисни посети, пред нас периодот е драматичен

Никовски за КУРИР: Опозицијата направи корисни посети, пред нас периодот е драматичен

Ристо Никовски кој е македонски поранешен амбасадор и дипломат сега редовен колумнист и аналитичар во изјава за КУРИР вели дека периодот пред нас е драматичен а очигледно е дека власта нема ниту идеја како да ги надмине проблемите со кои сме соочени и на надворешен ама и на домашен план, освен со виткање на ’рбетот, а камоли некаква стратегија.

Тој во пресрет на сретнувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со три премиери во четири дена, додека премиерот Зоран Заев се нема сретнато со ниту еден повеќе од шест месеци вели дека делегацијата на опозицијата направила корисна турнеја.

-Делегација на опозицијата направи корисна турнеја низ неколку пријателски земји што секако ќе ја поттикне поддршката на нашата земја на патот кон ЕУ. Загрижува, меѓутоа, што ниту некоја висока делегација доаѓа кај нас во последниве години а уште помалку власта е поканета некаде да оди. Тоа се случува во период кога сме повторно блокирани и уценети што покажува огромен неуспех на нашата дипломатија а, со тоа, и на државата. Во ситуација кога се работи да се биде или не, дипломатијата е десеткувана без амбасадори во ДКП-еата што наликува дури и на некаква саботажа, вели тој за КУРИР.

Тој додава дека периодот пред нас е драматичен а очигледно е дека власта нема ниту идеја како да ги надмине проблемите со кои сме соочени и на надворешен ама и на домашен план, освен со виткање на ’рбетот, а камоли некаква стратегија. Таквите политики водат во неизбежен пораз.

-Тоа ја нагласува улогата на опозицијата која мора полека ама сигурно да ги зема работите во свои раце, да го води наодот, се’ до победа на следните избори, по што ќе се отвори и некаква перспектива. Во спротивно, сите ќе доживееме национална и државна катастрофа, кон која незапирливо се движиме последните неколку години.

Најнови вести