четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нова Либерална партија со поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска-Давкова

Нова Либерална партија со поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска-Давкова

Нова Либерална партија отворено даде поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова за претстојните претседателски избори.

„Нова Либерална партија изразува огромно задоволство од изборот на проф.Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за Претседател на Република Македонија. Натпартискиот кандидат е во согласност со договореното на средбите на коалицините партнери- членки на на Коалицијата „За подобра Македонија”, со нагласок дека на Република Македонија во моментов и треба личност која ќе го обедини народот, самостојно ќе размислува и повлекува потези, а истовремено и поседува демократски капацитет да ги води процесите во државата.“, стои во соопштението на партијата.

Од таму потенцираат дека радува фактот што професорката Силјановска, е избрана во една фер, демократска и транспарентна постапка, со голем број на против кандидати на Конгресот, за кои се највува дека ќе бидат нејзините идни најблиски соработници во текот на кампањата но и после победата на изборите.

„Во кандидатурата на Силјановска, граѓаните гледаат искра надеж и охрабрување дека има реална шанса за победа на овие избори, без разлика кој ќе биде противкандидатот од спротивната страна, што неминовно би придонело до распишување на брзи предвремени парламентарни избори. Нова Либерална партија ги повикува своите членови и симпатизери и сте политички партии кои го препознаваат неспорниот капацитет на проф. Гордана Силјановска-Давкова за државничко и демократско делување, активно да се вклучат во предизборната кампања, да помогнат да се обединиме и заеднички да победиме, додаваат од партијата.

Најнови вести