Во четврток под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови.
Во деновите од викендот како и за време на новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.
Првиот ден од новата година ќе биде сончев, но утринската температура ќе биде – 7 степени.