Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара поблага мерка и за вработената во собраниските служби Елена Доцевска Божиновска.
Оттаму поднеле барање до Освновниот суд Скопје 1 мерката притвор за Доцевска да биде заменета со мерка куќен притвор.
Претходно Обвинителството побара од куќен притвор да биде ослободена и пратеничката Жаклина Пешевска и да се замени мерката притвор со куќен притвор за оперскиот пејач Игор Дурловски.
За другите осомничени за „Крвавиот четврток“ обвинителството бара продолжување на веќе изречените мерки.