вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството за организиран криминал доби ИТ опрема во вредност од 27 илјади евра

Обвинителството за организиран криминал доби ИТ опрема во вредност од 27 илјади евра

Во рамките на Проектот ИПА 2017 Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби ИТ опрема за дигитална форензика во вредност од 27.000 евра, информираат од Јавното обвинителство.

-Опремата се состои од софтвер и хардвер за компјутерско и мобилно вештачење на одземените ИТ уреди во кривично-правните настани на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Дигиталната форензика е една од носечките активности на истражниот центар на ова обвинителство и неопходна за непречено ефикасно и ефективно функционирање како на истражниот центар, така и на обвинителството во целина, соопштија од обвинителство.

За потребите на истражниот центар во рамките на овој проект минатиот месец беше донирана и друга хардверска опрема.

Најнови вести