вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Онлајн учење, тестирање со физичко присуство- знае ли Царовска каде оди образовниот процес

Онлајн учење, тестирање со физичко присуство- знае ли Царовска каде оди образовниот процес

Поради пандемијата од КОВИД-19 учебната година започна со многу проблеми.

Најпрво учебната година започна месец дена покасно од вообичаеното, образовниот процес се одвива преку онлајн платформа за која учениците се жалеа дека не е доволно ефикасна и уште многу други недостатоци.

Пред само неколку дена излезе информација дека Министерството образование организира тестирање во училиштата за да може да се формираат првичните оценки. Како што дознавме од родители и ученици оцените за првото тромесечје требало да бидат утврдени во 20 ноември.

-Моето дете е шесто одделение. Од вчера до петок секој ден имаат закажано тестирање за да може наставниците да ги оформат оцените за првото тромесечје. Кај повеќето родители се појави прашањето како може училиштата да закажат тестирање кога нашите деца следат настава од дома и не смеат да имаат физичко присуство, ни раскажа родители.

Други родители кои исто така ни ја посочија истата информација велат дека со ова што го прави Министерството за образование и наука само се покажува дека не може преку онлјан учење да се оценат нашите деца и дека учењето на далечина не ги дало позитивни резултати.

-Имам дете кое е осмо одделение. При крајот на неделата им беше посочено дека од 15 ноември до 20 ноември ќе им се врши тестирање во училиштата за да ги добијат првите оценки од оваа учебна година. Како може да се дозволи такво нешто кога нашите деца следат настава од дома, не со физичко присуство. Дали ова само покажува дека онлјан учењето не ги даде планираните резултати?, ни посочи друг родител.

Имено министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во своето гостување на телевизија 24 посочи дека е донесен посебен протокол и упатство за оценување не учениците.

Најнови вести