понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски разговараше со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мисии

Пендаровски разговараше со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мисии

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со припадниците на Армијата кои се распоредени во меѓународните операции надвор од територијата на Македонија.

Во пресрет на новогодишните празници, претседателот Пендаровски ги поздрави нашите мировници во операцијата на КФОР во Косово, во мисијата „УНИФИЛ“ предводена од ОН во Либан, во операцијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во мисијата „ЕУТМ РЦА“ предводена од ЕУ во Централноафриканската Република, во НАТО активноста за Зајакнато истурено присуство во Латвија, припадниците на нашата Армија во мисиите на НАТО во Бугарија, Романија и припадникот на Министерството за одбрана во Ирак.

Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо го цени ангажманот, професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата кои активно придонесуваат кон мирот и безбедноста во светот, и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.

Честитајќи им ги новогодишните празници претседателот им посака добро здравје и натамошно посветено извршувањето на задачите бранејќи ги заедничките вредности, мирот, слободата и демократијата.

Најнови вести