среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски во дводневна посета на Украина

Пендаровски во дводневна посета на Украина

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.

Утре Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина кој ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев, и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.

-Во рамки на работната посета, претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а на маргините на посетата, предвидена е и средба и со Шарл Мишел, Претседател на Европскиот Совет, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина којашто се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ е предвидено присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.

Најнови вести