четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Ние овде од тероризам ни „т“ немаме

Пешевска: Ние овде од тероризам ни „т“ немаме

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања каде на дневен ред е одземање на имунитетот на Трајко Велјаноски посочи дека со овие досега 8 постапки не би рекла дека пратениците уживаат имунитет.

-Ова станува рутина и пракса. Ние овде од тероризам ни „т“ немаме. Со тоа што тука дебатираме не го попречуваме судот да си ја врши работата. Доколку сакаме да ја почитуваме висината на функцијата пратеник мораме да преземеме нешто оваа пракса да се смени. Законот е контрадикторен, бидејќи се приведуваат пратеници и се вршат претреси, па после предистражна постапка, па истражна, па на крај се подига обвинение. Во меѓувреме пратениците иако имаат имунитет се приведуваат, потенцираше Пешевска.

Најнови вести