вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: поради неодговорноста на поединци, луѓе умираат без притоа да им се овозможи правото на здравствена заштита, лекување и правото на живот кои се основни човекови права

Пешевска: поради неодговорноста на поединци, луѓе умираат без притоа да им се овозможи правото на здравствена заштита, лекување и правото на живот кои се основни човекови права

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на својот Фејсбук профил преку кој вели дека поради неодговорноста на поединци, луѓе умираат без притоа да им се овозможи правото на здравствена заштита, лекување и правото на живот кои се основни човекови права.

-Гледаме како поради неодговорноста на поединци, луѓе умираат без притоа да им се овозможи правото на здравствена заштита, лекување и правото на живот кои се основни човекови права. Ако пред скоро 7 дена беше случајот во Охридската болница кога жена од Струга почина бидејќи не беше хоспитализирана веќе вчера гледаме дека и дедото од Велес иако бил однесен во болница со брза помош бил одбиен да биде хоспитализиран за по неколку часа да почине. Сведоштвата на семејството на 78 годишниот велешанец укажуваат дека неговата здравствена состојба била лоша но не го примиле на инфективното одделение бидејќи не биле стигнати резултатите од тестот за корона вирус. Која неорганизација, последните неколку дена луѓе починуваат а резултатите од тестот за короната им стигнуваат посмртно!
Oставка и одговорност од директорот на велешката болница веднаш!
За жал пандемијата со корона вирусот ни покажа колку неодговорни и непрофесионални лица (со чест на исклучоци) се поставени да бидат менаџери на клиниките и да го чуваат нашето здравје и тука неможам а да не се потсетам на директорката Цаца Биљановска која вратена од кризно подрачје наместо да се изолира одела на работа, држела семинари и го довела во прашање животот на многу луѓе, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Гледаме како поради неодговорноста на поединци, луѓе умираат без притоа да им се овозможи правото на здравствена…

Gepostet von Жаклина Пешевска am Sonntag, 5. April 2020

 

Најнови вести