недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По проблемот да се реализираат рецептите во аптеките, се огласија од ФЗОМ

По проблемот да се реализираат рецептите во аптеките, се огласија од ФЗОМ

Во врска со проблемот  што се јави со неможноста да се реализираат рецептите во аптеките,  се огласија од Фондот за здравство.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Ве известуваме дека  е направена анализа на проблемот и утврдено е дека почнувајќи од вчера , во доцните попладневни часови, до денес во раните утрински часови,  податочната комуникација која оди од Мој Термин кон ФЗОМ, била прекината и со тоа била  оневозможена валидацијата за пропишување  рецепти и реализацијата на лекови.

Комуникацијата е повторно воспоставена и матичните лекари  непречено  можат да пропишуваат лекови што  осигурениците без проблеми ќе можат да ги  реализираат во аптеките.

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како одговорна и транспарентна институција,  е отворен за сите  проблеми со кои се соочуваат  чинителите  во  здравствениот  систем  и за нивно навремено решавање со крајна цел  осигурениците во секој момент да можат непречено да ги остваруваат правата од здравственото осигурување.

 

Најнови вести