Цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во споредба со ноември 2017 година, се зголемени за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги зголемување е забележано во групата храна за 0,2 отсто.
Индекот на цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,9 отсто, додека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во текот на целата година е зголемен за 0,8 отсто, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0,6 отсто.