среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поради неспобноста на Заев и Царовска 20.000 дечиња ќе останат неписмени

Поради неспобноста на Заев и Царовска 20.000 дечиња ќе останат неписмени

Состојбата во државата од на ден е се полоша во сите гранки од секојдневието. Кризата од КОВИД-19 имаше влијание како на економски и здраствен план така и на образовен план. Учебната година започна со голем број на проблеми, а секој ден се повеќе се докажува дека власите не водат никаква грижаза тоа.

Најпрво учебната година започна месец дена подоцна од вообичаено. Потоа над 40.000 ученици немат ИТ-уред за следење настава, проблеми со онлјан платформатаза следење настава, проблеми околу оценувања и така натаму. Но, еден од позагрижувачките моментие тоа што околу 10% од учениците или 20.000 ученици немаат услови за да следат настава. Оваа загрижувачка бројка очигледно не е воопшто важна ниту за СДСМ и Заев, ниту за министерката за образование и наука Мила Царовска.

За оваа проблематика зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во своето гостување на телевизија Алсат М  каде посочи дека Заев укажал дека  повеќеод 90 проценти од учениците следат настава.

-Што значи тоа? Тоа значи дека 10% не ја следат. А тоа значи дека повеќе од 20.000 ученици во овој момент не ја следат наставата, а полугодието заврши.Што е најстрашно, ни еден медиум тоа не го цитираше. Не постои медиум кој ова го цитираше во државата. Повеќе од 20.000 деца поминаа тримесечен образовeн циклус без да добијат знаење. Тоа го кажува премиерот на државата. Па тоа е скандалозно. За тоа се менува министер. А ние молчиме. Медиумски молк, речеМицкоски.

Сите овие бројки покажуваат дека државата односно Заев и Царовска немаат решение за 20.000 ученици кои не следат настава и доброволно казнуваат 20.000 деца да останат неписмени.

Најнови вести