недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потресно писмо до Филипче: Го фрлија во вреќа како ѓубре, го водевте како заразен од Ковид-19, а почина од тромб

Потресно писмо до Филипче: Го фрлија во вреќа како ѓубре, го водевте како заразен од Ковид-19, а почина од тромб
илустрација

Филип Трендафиловски преку социјалните мрежи со потресно писмо му се обраќа на министерот за здравство Венко Филипче по смртта на неговиот татко Зоран. Филип пишува како бил третиран неговиот родител кој имал, па немал позитивен тест, но и за пропустите во здравствениот систем. За голготата која ја поминале како семејство, за тешките денови на неговиот татко кој, како што пишува Трендафиловски, во болница молел за капка вода, а немало кој да му даде.

-Господине Венко Филипче немам многу што да прашам повeќе имам да кажам. Татко ми на ден 15.10.2020 беше примен во Кумановска Болница на Интерно одделение со температура и кашлица на кој на 15.10.2020 му беше направен рентген со црна дамка на белите дробови и константирана ПНЕВМОНИЈА и беше вклучен на кислород бидејќи имаше сатурација 70 на 16.10.2020 му беше направен и корона тест (НЕГАТИВЕН) бидејќи ситуацијата се влошуваше сатурацијата падна на 40 по 4 изгубени денови и борба за воздух на ден 18.10.2020 тој беше пратен на Инфективна клиника Скопје.

Кога пристигнавме таму со многу тропање и молење се појави и Медицинско лице кое со АРОГАНТНО понашање ни се обрати и ни рече дека сме требале да најавиме на влез во Скопје дека доѓа пациент потоа чекавме 40 минути да се излезе болничар со една боца кислород цели 40 минути за да се земе или разбуди болничарот потоа почна хоророт несакаа да го примат бидејќи немаше позитивен тест на Корона се чекаа БРЗИТЕ резултати во болничкиот круг по 2 часа пристигнаа и резултатите со ПОЗИТИВЕН тест бидејќи беа премногу зафатени одлучија да не пратат во 8 септември со зборовите нема место тука одкако ја контактираа болницата 8 септември добија одговор ,,Вчера вие ни вративте тројца денеска ние ке ви вратиме вам,, по бог знае колку часа и чекање на студ конечно го примија и му приклучија кислород сатурацијата се покачи но амбиентот не беше пријатен бидејќи само ни пристигаа пораки како нема вода и кога ќе побара од пресоналот тие дрско ќе му одговорат нека ти донесат твоите (но подолу ќе се разбере и зошто) деновите минуваа ситуацијата се влошуваше информации добивавме само од пријатели и роднини кои работат во Болницата во Скопје телефоните за контакт ѕвонеа но никој не креваше чекорите одеа понатаму го ставија на концентриран кислород па на високо концентриран кислород но за жал на ден 30.10.2020 беше префрлен на Интензивна нега тука престанува секаков контакт со татко ми телефоните за информации конечно се слушнаа дојдовме до информации дека терапијата е сменета и дека ако ситуацијата не се промени за 3 дена ке биде префрлен на Респиратор на истоимениот ке го задржат уште 3 дена и ако нема подобрување истиот ке бидне исклучен (ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ) за среќа господ се смилува и терапијата делуваше полека но сигурно ситуацијата крена на добро сатурацијата се искачи на 90 добивавме информации од неколку приватни познаници кои работат таму и по многу пробување на телефонот за информации и од таму се огласија ни кажаа дека е многу подобро дека на ден Н/А има негативен тест на КОРОНА (прикажан во сликите) дека е комуникативен стабилен и со стабилна сатурација без вклучен кислород ни велеа дека ако не им веруваме ке ни го сликаат и покажат на камера ни олесна малку конечно мислевме дека хоророт ке заврши и дека за кратко време ке си дојде дома но малку беше засташувачки зошто тој не ни се обратува преку неговиот телефон (каде е телефонот) по 9 дена НЕГАТИВЕН на корона на ден 07.11.2020 ние добивме повик од страна на Стручниот Медицински пресонал без никаква емоција без да ја прашаат мајка ми дали е присутен некој до нејзе и ладнокрвно и соопштија дека Зоран починал (на 58 годишна возраст) дека морале да го вклучат на кислород дека имал сатурација 98 но срцето не издржало ни кажаа да тргне некој од семејството да си го земе телото.

Бидејќи брат ми остана да ја смирува мајка ми и да го организира погребот јас лично тргнав по телото кога пристигнав таму првин 1 час барав по ходниците персонал за да ги известам за што сум дојден кога се појави портирот ми рече да одам со погребалното од другата страна кај подрумот и да чекам во темница на студено време во 1 часот по полноќ. По половина час се појави Медицинскиот персонал кој им рече на луѓето од погребалното да се облечат во скафандери да се качат на првот спрат со лифт и дека таму ке им објаснат што треба по што ладно се изгуби по 10-15 минути се спуштија со бела херметички затворена вреќа на која имаше залепено само неговото име и презиме и неговите ствари без никаква идентификација заминавме дома телото беше ставено во фрижидер а погребот се одвиваше следниот ден во 2 часот. Телото беше донесено точно во 2 часот затворено и само како ѓубре фрлено во гроб болката и тагата беа преголеми.

Зошто во личните ствари на Зоран го нема телефонот?

Зошто ако Зоран беше негативен со два стента на срце се уште беше задржан на инфективна клиника зошто Зоран не беше префрлен на клиниката за пулмологија каде семејството ке можеше да му даде подршка на Зоран?
Зошто ако Зоран беше негативен не доби погреб каков доликува?

Повеќе немам никакви прашања додека минуваа овие 21 ден болни и тажни кои засекогаш ќе ми останат во сеќавање имав милон прашања (како,кога,зошто) сега имам само одговори имам одговори за сите луѓе кои минуваат или поминале на истото како мене Стручниот Медицински персонал не го уби Зоран го ДОУБИЛЕ му го украде телефонот кој му беше единствениот контакт со нас ние добивавме информации за Зоран.

КАКО МУ БЕШЕ НА ЗОРАН БЕЗ НИКАКВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ?

Немаше никакво топол збор 9 дена дена беше препуштен самиот со себе зошто така болница е во која нема чешма за вода во која ако на болните (со температура) не им испратат најблиските ќе починат за вода болница во која ако не дадеш од 100-500 денари на портирот цел ден ќе ти скапуваат кесите на портирницата или ако дадеш додека да излезеш од болничкиот круг кесите ќе бидат качени дали е затвор во кој те изолираат од живиот свет зошто кога сакав да испратам вредни ствари ми рекоа пази ќе ги украдат зошто се краде.

ДАЛИ МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ИМА МАЛИ ПЛАТИ ИЛИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА?

Понекогаш ве гледам на Телевизија и ве слушам бројката ви расне стравот меѓу граѓаните е се поголем кажувате како болницата е опремена и како сте спремни за вториот бран како се да е мед и млеко и си помислувам човек може да добие голема желба да се разболи но реалноста е друга хоророт е таму луѓето умираат за вода и топол збор од најблиските татко ми почина од тромб далеку е од корона жално е што моравте да го водите како починат од корона бидејќи бројката мора да расте, а и стравот со нејзе нема да продолжам понатаму и да спијам мирно се додека правдата не излезе на виделина болката ми го копа срцето, а солзите ми го горат лицето на мене и моето семејство позади Зоран останаа три сина три снашки три внучиња и четврто на пат…

Им посакувам на сите луѓе кои се во иста ситуација како моето семејство а особено на оние кои се во ситуација како Зоран да останат храбри и силни…

ПОЧИВАЈ У МИР ТАТИЧКО МОЈ…, пишува Трендафиловски.

Најнови вести