понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно одложено судењето за „Поткуп“, Заев во Лондон

Повторно одложено судењето за „Поткуп“, Заев во Лондон

По барање на одбраната, судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 6 март, потврдија за МИА од Кривичниот суд.

Минатото рочиште, пак, беше одложено на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија во предметот Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на судењето.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Инаку, премиерот Заев, придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции.

Последниот пат, процесот беше одложен на барање на јавен обвинител, кој наводно го известил новиот судија во случајот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште, кое е презакажано за 26 февруари.

Целата сага со судењето на Заев почна на 25-ти јануари минатата година, но рочиштето никако да се одржи. Првите два пати, судењето беше одложувано поради тоа што Заев бил на службен пат. Уште две рочишта потоа беа одложувани поради неприсуство на неговите адвокати.

Потоа, судењето беше одложено затоа што Заев тврдеше дека бил на средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, што беше експресно демантирано од амбасадорот, кој преку својот Твитер налог објави дека дента немал средба со никого и дека секоја различна информација е целосно неточна.

Во септември, пак, рочиштето беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Последниот пат, процесот беше одложен, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, затоа што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

На социјалните мрежи веќе се поставува прашањето – која ќе биде следната причина поради која ќе се одложи процесот, кој веќе влегува во својата втора година без ниту едно одржано рочиште?

За Заев рочишта на два месеци, за Груевски секој ден

Рочиштата на Заев во предметот Поткуп за кој целата јавност виде како бара 200.000 за да заврши работа на струмички бизнисмен, и како раскажува дека истото го правел со сите бизнисмени во Струмица, се закажува на период од околу два месеци.

Истиот суд за Никола Груевски има друг аршин, а рочишта закажува секој ден, без да им даде можност на обвинетите соодветно да се подготват за рочиштата и да добијат фер судски процес.

Неофицијално се зборува дека по наредба на Заев, претседателот на судот Џолев дал наредба на судиите да не дозволат никакви одлагања, а судењата да ги вршат максимално брзо. Сето ова во време кога се менува името и идентитетот на македонскиот народ и кога на СДСМ му треба дефокусирање од таа тема.

Обвинетите јавно негодуваат дека врз нив се врши тортура, дека се спроведува нефер и незаконско судење, дека се предмет на мобинг и дека целото судење е политичко и чиста фарса. Впрочем и смената на судиите со нови, кои се докажани поддржувачи и симпатизери на СДСМ, укажува не само дека СЈО/СДСМ нема докази, па им требаат партиски судии за да ги осудат политичките противници.

 

Најнови вести