среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прекинат сообраќајот на патот Валандово – Удово пред клучката кај Калковска Река

Прекинат сообраќајот на патот Валандово – Удово пред клучката кај Калковска Река

На патниот правец Валандово – Удово, пред клучката кај Калковска Река, денеска од 16.30 часот сообраќајот е во целосен прекин поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Сообраќајот се пренасочува преку Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивните екипи работат на расчистување на наносите на коловозот и се очекува нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.

Најнови вести