понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Препораките за некого мајка за некого маќеа- Заев по никоја цена нема да оди во изолација иако вчера без маска беше со Спасовски

Препораките за некого мајка за некого маќеа- Заев по никоја цена нема да оди во изолација иако вчера без маска беше со Спасовски

Премиерот Заев засега нема да се изолира, но ќе се тестира за корона вирус. Од владата тврдат дека премиерот немал директен контакт со министерот Оливер Сапсовски кој вчера потврди дека е позитивен на вирусот, но сепак по епидемиолошките анкети кои ќе се спроведуваат во текот на денот ќе се знае кој од контактите на Спасовски ќе се изолира, објавува Сител.

Напоменуваме дека сите контакти на министерот Спасовски биле со почитување на мерките за физичко растојание, носење заштитна маска и избегнување на групирања.

Во однос на прашањето за контакти во Владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видео-конференциска врска.

Премиерот Зоран Заев немал директни контакти со министерот, надвор од здравствените протоколи за лична заштита, но ќе направи тест на коронавирус, посочуваат од Владата.

Слични одговори добивме и од Министерството за внатрешни работи  и од владејачката СДСМ, со оглед дека Спасовски викендов присуствуваше на партискиот конгрес.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ,  се одржа во голема просторија со помалку од 30 проценти исполнетост на просторот.

Целосно се почитуваше задолжителното носење маска од сите присутни, освен за време на обраќањата, кои беа на драстично поголема дистанца од предвидената, постојана дезинфекција и достапни средства. Сите присутни беа на соодветна физичка дистанца, со постојано проветтрување на просторот и постојана дезинфекција на микрофоните, говорницата и другите површини во салата, информираат од СДСМ.

Министерот Спасовски доцна синоќа преку социјалните мрежи потврди дека добил позитивен тест. Неколку часа претходно Спасовски заедно со премиерот Заев присуствуваше на настан во Велес.

Најнови вести