понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Разрешената директорка од гимназијата „Никола Карев”, која се закануваше на ученици, поддржувач на образовниот концепт на Мила Царовска

Разрешената директорка од гимназијата „Никола Карев”, која се закануваше на ученици, поддржувач на образовниот концепт на Мила Царовска

Некогашната директорка на СУГС Гимназија „Никола Карев” Скопје, Горица Илијовска, која во декември 2019 година при протести за загадениот воздух, беше снимена како се заканува (и притоа ги снима) на учениците во гимназијата со цел, да ги прекинат со протестите, денес, како дел од здружението на директори (здружение со сомнителна регистрација) на основни и средни училишта била на состанок со министерката Мила Царовска, како што објави и самата министерка на официјалната нејзина Фејсбук страница.

Горица Илијовска, непосредно по настанот со заканите врз учениците беше официјално разрешена од директорската функција од страна на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по бројни бурни реакции од јавноста.

Разрешувањето беше објавено на различни медиуми меѓу кои и на националните телевизии, а непосредно по разрешувањето од функцијата, Илијовска заминала во пензија.

Се поставува прашањето, како е можно, поранешен компромитиран директор кој моментално е во пензија да фигурира како член на друштвото на директори и да влијае врз одлуките за најавениот образовен концепт, давајќи поддршка на ваков начин? Концепт, за кој досега огромен број на институции и поединци, прилилно жестоко изреагираа против неговата имплементација.

Министерката во една прилика изјави дека одредени „ретроградни сили” биле против новиот образовен модел, очигледно повеќе и одговараат вакви примери на „прогресивни сили” кои присилно ги замолчуваат младите при протест за нешто што не засега сите, квалитетот на воздухот.

Најнови вести