Низ историјата до денес ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ покажувале и покажуваат приврзаност до идеалите на Македонија, конгресите биле историските мерници кога се согледувало постигнатото и се правеле плановите за иднината. И овој валандовскиот конгрес верувам дека ќе биде запишан некаде низ историјата на ВМРО-ДПМНЕ како еден од конгресите на кои се донесоа историски одлуки. Верувам дека со уше поголем елан и со уште поголеми визии за иднината ќе го означиме почетокот на едно ново време во кое што ќе победуваме, ова вечерва на конгресот во Валандово го истакна Спиро Ристовски.
Тој додава дека на овој конгрес дневен ред е:
- Свечено отворање.
- Избор на Комисија за верификација на мандатот на делегатите на Конгресот.
- Извештај на комисијата за верификација на мандатите на делегатите.
- Усвојување на Деловникот за работа на 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
- Избор на Работно претседателство.
- Дискусии.
- Поздравни говори.
- Усвојување на програмски документи на 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
- Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
- Извештај за материјално-финансиското работење на Партијата во периодот од 2015 – 2017 година.
- Претставување на кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
- Избор на Комисија за спроведување на изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
- Избор на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
- Избор на Статутарна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
- Избор на Надзорна комисија за материјално–финансиско работење на Партијата.
- Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во следните два дена се бележат значајни би рекол и историски моменти за нашата партија, највисокиот партиски орган- конгресот одбира ново раководство и претседател како и сите претходни ќе има многу одговорна работа, што во денешно време е многу по отежната од политичките закани и прогони кои по речиси 20-тина години повторно станаа пракса на некои политички опоненти во нашата земја. Целта е јасна слабеење на единствениот наш наследник на историското ВМРО и најголем заштитник на македонскиот народ и држава. Избираме ново раководство кое ќе мора да дејствува, да војува на повеќе фронтови, но основни ќе бидат два, да ја зачува, но и да ја засили сплотеноста и единството помеѓу нашите членови. Одлика по која секогаш сме биле пример, препознатливи и која што секогаш била сила и наша најголема енергија, истрајност и борбеност за ефикасно и ефективно делување, потенцираше Ристовски.