четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Само Царовска не е крива, матурантите виновни што не ја сакаат Мила?!

Само Царовска не е крива, матурантите виновни што не ја сакаат Мила?!

Откако направи хаос во образованието, почнувајќи од зaдоцнетиот почеток на учебната година па продолжувајќи со нефункционалната платформа за онлајн настава за чие користење немаа можност голем дел од учениците, министерката за образование Мила Царовска не само што не им излегува во пресрет на матурантите од кои голем број беа оставени без можност за следење настава, туку и влегува во конфронтација со нив и ги обвинува за нивните барања.

Поради тоа што матурантите сметаат дека со начинот и условите во кои била организирана наставата не ја добиле потребната подготовка за да полагаат матура како во нормални услови и наместо четири предмети тие бараат да полагаат два. За оваа цел тие откако не наидоа на разбирање од страна на министерката за образование Мила Царовска започнаа бојкот на наставата со почетокот на второто полугодие, но и тука беа спречувани.

Според нив директорите на училиштата и некои од професорите започнаа да вршат сериозен притисок врз дел од матурантите со цел да го задушат бојкотот. Но, Царовска не повлече ниту еден чекор назад и ги обвини матурантите дека тие се оние кои вршат сајбер булинг на нивните врсници за да бојкотираат, со еден збор сите лажат и злоупотребуваат „само Царовска е во право“.

На ваквите тврдења на министерката за сајбер булинг веднаш одговорија од Сојузот на средношколци.

-Како организација која активно се бори за правата на средношколците може да биде силеџиска, навистина не разбираме. Во најмала рака тврдењето на министерката е тежок парадокс. Впрочем, што е тоа „сајбер булинг?“ На македонски, се нарекува меѓуврсничко насилство на интернет. Или пак меѓуврсничко насилство преку средствата за електронска комуникација. Уште една причина зошто е потребно мајчиниот јазик да биде задолжителен испитен предмет годинава. Шегата на страна, единствените ученици кои трпат закани и притисоци се тие кои собраа храброст да ја бојкотираат наставата, одговорија од Сојузот на средношколци.

Откако после многуте неуспешни средби и разговори со министерката Царовска и бојкотот, никој не сакаше да ги слушне барањата на матурантите, тие испратија писмо до 85 пратеници во кое бараат поддршка од Собранието. Во оваа насока тие имаа состанок со групата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои пак изјавија дека ги поддржуваат ваквите барања на матурантите.

-Како ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека апсолутно имаат право да си ги бараат своите средношколски права поради сите овие околности коишто се настанати од ковид пандемијата. Со ова не се прекршува ниту Уставот, ниту законите и затоа имаат асполутна поддршка. Ќе пробаме да ги искористиме сите алатки кои ни стојат на располагање за да ги актуелизираме ова прашање, изјави Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Сојузот на средношколци.

Најнови вести