Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 130 мерки од кои 8 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 7 за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 за зборување на мобилен телефон. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.