Пратениците на СДСМ и ДУИ го користат отсуството на нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и експресно носат законски измени кои се на штета на граѓаните. За утре се најавени рекордни 5 собраниски седници.
Денеска во Собранието, коалицијата на СДСМ и ДУИ во рекордно време ги поминуваше точките од Дневниот ред. На двете денешни седници коалицијата на СДСМ и ДУИ имаше вкупно 41 точка и закони на дневен ред, односно 27-мата седница со 33 точки и 22-та седница со 8 точки на дневен ред.
Само во текот на 1 (еден) ден, собраниското мнозинство речиси без никаква дискусија помина многубројни измени на законите, некои од нив крајно штетни и неповолни за граѓаните, за кои ќе им требаа околу 2 месеци доколку во Собранието беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се некои од законите и точките кои денес набрзина ги поминаа СДСМ и ДУИ, злоупотребувајќи го отсуството на ВМРО-ДПМНЕ:
♦ Закон за акцизите со кои поскапува дизелот
♦ Именување на јавен обвинител кој ќе биде нова продолжена рака на СДСМ во политичкиот прогон кон стотици членови на ВМРО-ДПМНЕ
♦ Закон за амнестија (прво читање) со кој ќе се ослободат илјадници лица кои се осудени за разбојништва, кражби, насилство, продажба на дрога и други кривични дела
♦ Законот за административни службеници (прво читање) со кој СДСМ ќе направи чистка на стотици и илјадници кадри во јавниот сектор, а преку ноќ ќе ги унапредува партиските војници на СДСМ во институциите
♦ Скандалозниот избор на Венко Филипче за министер за здравство и многу други точки
На тој начин, преку отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, СДСМ и ДУИ преку ноќ ги поминуваат своите клучни проекти, без притоа овие теми подолго да се дебатираат и објаснуваат во јавноста.