Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се повеќе од двојно пониски од просекот за јануари, а кај речиси сите останати реки се пониски во однос на вчера, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.
Намалени се и нивоата на Вардар кај Скопје, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка, ист со просекот е водостојот на Вардар во Велес, а зголемување бележат Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани.
Нивоата на охридското, преспанското и дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек.