Не е време за политизација и за поделби на “наши” или “ваши”.
Не е време за херојство со тоа што ќе се изложуваме себеси или останатите на ризик.
Херои се нашите пријатели лекари, медицински персонал, полицијата, армијата и сите оние кои деноноќно работат за надминување на кризата. Тие работат по 12-15 часа на ден и се под огромен психички и физички стрес.
Да им помогнеме со добар збор но и со одговорно однесување. Време е да ги послушаме советите на стручните и одговорни лица и препораките на надлежните институции, апелира Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, носител на листата во ИЕ1 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.