Името е најсилниот идентитески знак вели професорката Гордана Силјановска во нејзиното гостување во емисијата “Отворено Студио“ и додава дека правото на самоопределување е загарантирано за сите народи и дека самото во самоопределувањето, односно во неговата суштина секогаш влегуваат името, јазикот, знамето, тоа се елементите кои што постојат.
– “Кога велите референдум или Собрание, името Република Македонија не го донело Собранието и ниту не е уставно име само туку е неразделно од името на Македонскиот народ кој што претходи на создавањето на македонската држава. Не сум имала избор, сум го наследила од многу претходни генерации, ниту пак вие сте имале избор и тоа е дел од идентитетот. Неспороно е како може една генерација да одлучува во името на сите претходни генерации и во името на идните генерации и тоа со какво мнозинство“ вели Силјановска.
Според неа најдобро е да се сочува континуитетот на името Република Македонија зошто тоа е нешто што од АСНОМ до денес што опстојува. Силјановска вели дека може нешто да се додаде ама Република Македонија мора да остане како име.