сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска меѓу младите: Ајде заедно да отпочнеме Start Up револуција во Македонија!

Силјановска меѓу младите: Ајде заедно да отпочнеме Start Up револуција во Македонија!

Тага и гнев ме исполнуваат кога ќе помислам дека нашите најдобри и најспособни млади луѓе се распослани по белиот свет во потрага по достоинствен живот. Ги избркаа најдобрите, за да ги вработат нивните ќерки и синови, напиша денеска професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ако дозволиме уште малку да останат на власт, нема да бидеме запаметени само како нација која се самоубила идентитетски. Ќе не’ паметат и како држава која ги избркала своите најдобри и нај способни. Целиот свој работен век им го посветив на младите. Студентите се моја инспирација и извор на мојата енергија. Мојот претседателски мандат сакам да биде мандат посветен на младите и нивните проблеми. Не ја потценувам вашата интелигенција и не ве лажам со бајки за брз влез во ЕУ. Напротив, велам дека без заедничка заложба и труд нема да постигнеме ништо!, вели професорката.

Таа ги повика младите заедно да отпочнат Start Up револуција во Македонија.

Четвртата индустриска револуција ни нуди можност да влеземе во кругот на високо технолошки развиените земји. Јас како претседателка напорно ќе работам кон обезбедување на добра средина за младинска иницијатива за отпочнување бизнис. Никој нема да ни ја подобри државата од надвор. Ние самите мораме да се издигнеме! Сметам на вас! Сметајте и вие на мене!, стои во објавата на својот Фејсбук профил на професорката Гордана Силјановска Давкова.

Најнови вести