понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска во изборната програма ветува враќање на довербата во службите за безбедост

Силјановска во изборната програма ветува враќање на довербата во службите за безбедост

Гордана Силјановска-Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во нејзината програма наведува дека ќе се залага за враќање на довербата во безбедносниот систем кој во моментов е соочен со ерозија на институциите.

Таа исто така наведува дека ќе се воведе безбедно управување со класифицирани информации и воведување на правила во соработката и комуникацијата меѓу државните органи за единствен превентивен одговор и надминување на слабостите во системот.

Во нејзината програма стои:

Во содејство со Владата и Собранието мораме да ја вратиме довербата во безбедносниот систем соочен со ерозија на институциите. Професионалниот состав во безбедносните служби мора да го промени начинот на управување со класифицираните информации, но и со техничките уреди и опрема со кои директно се ограничуваат основните слободи и права на граѓаните. За мене предизвик е отстранувањето на генераторите на кризи со воведување на ветинг процедури и носење добри закони кои ќе се спроведуваат, демонополизација и децентрализација на извршната моќ, именување на одговорни раководители, безбедно управување со класифицирани информации и воведување на правила во соработката и комуникацијата меѓу државните органи за единствен превентивен одговор и надминување на слабостите во системот. Сепак, без разлика на добрите реформи, човечкиот фактор во безбедносните служби останува основен генератор на кризи и потребно е време да се надмине епидемијата од непотизам, корупција, партиски клиентализам, како и да се отстрани судирот на интереси со блиски лица кои работат за странските претставништва и организации. За постигнување на нашата стратегиска цел – членството во НАТО и ЕУ, потребни ни се силни институции и човечки кадар препознатливи по поинаков начин на размислување и креативност, храброст во носење на одлуки, соочување и решавање на проблеми.

За повеќе детали во врска со програмата можете да прочитате тука.

Најнови вести