Место најавената департизација и професионализација на државните институции како што ветуваше СДСМ и Зоран Заев пред да дојдат на власт, сега гледаме сосем обратно, гледаме брутална партизација на институциите.
Примери за груба партизација има многу во последниот период, како од вработувања, местења на директорски позиции, ставање членови на управни одбори… Но, покрај партизацијата внатре во институциите, сега сме сведоци и на ветување за вработување и убава функција од страна на новата власт.
Алекс Ружин, жесток поддржувач на политиките на СДСМ и на новата власт, на Инстаграм на една девојка од Србија и вели дека сега власта е во нивни раце и може да и обезбеди државна функција, покажува разговорот кој кружи на социјалните мрежи.
-Медена другарке, те чекам заедно да ја прославиме победа и доаѓањето на власт. Сега барем се во наши раце и тебе можаме да ти обезбедиме државна функција, само изрази желба (можеби во нашата Амбасадата во Белград). Многу поздрави до тебе и до госпоѓа мама.
Во јавноста се коментира дека ваквиот однос од лицата од новата власт и срамота, не само за нив, туку и за целата држава, посебно што во такво светло ја претставуваат државата надвор од нашите граници, ако се знае дека ова ветување на Ружин е на девојка од друга држава.
Јавноста се прашува каде се сега и невладините, кои додека СДСМ беше во опозиција за се нешто само приговараа, а сега за многу скандалозни работи кои власта досега ги направи немаат никаква реакција.