сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Заслуга на владите на ВМРО-ДПМНЕ е што Македонија се стави на мапата на странски инвеститори

Славески: Заслуга на владите на ВМРО-ДПМНЕ е што Македонија се стави на мапата на странски инвеститори

На новинарско прашање во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа дали ќе има поголем број на инвестиции во земјава после промената на името, членот на извршниот комитет Трајко Славески истакна дека потребна е институционална трансформација и консолидација и дека тој нема слушнато најава за доаѓање на некоја поголема инвестиција во Македонија.

-Нема најави за некоја навалица на странски инвестиции, секако има желби и очекувања и добро е да се консолидира Македонија после оваа длабока криза односно да се консолидираат институциите, рече Славески.

Тој исто така кажа дека поголемата заслуга за ставање на Македонија на мапата на странски инвеститори ја имаат владите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Процесот на провлекување на инвестиции и поставување на основата институционална која ја признаваат и претставници на Владата на СДСМ дека беше поставена на здрава основа е заслуга на вчадите на ВМРО ДПМНЕ напорите кои што се направија Република Македонија да се стави на мапата на странски инвеститори, истакна Славески.

Славески кажа дека треба да се мерат резултатите на Владите, а не очекувањата и ветувањата кои што се презентираат.

Најнови вести