вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Смислен план за ослободување на Заев за случајот „Поткуп“

Смислен план за ослободување на Заев за случајот „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев денеска во новата заграда на Кривичниот суд дава изјава како обвинет во предметот „Поткуп“. Заев рече дека како градоначалник на Струмица 12 години на сите граѓани им излегувал во пресрет за сите нивни барања. Кажа дека членови на неговото семејство соработувале со Иван Николов и неговите компании.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

-Кога ги објавуваме бомбите во Универзална прв пат се исплашив дека додека поминувам низ гужвата некој ќе ми тупне пари во рацете и ќе ме наместат, само да ме спречат во објавување на бомбите, рече Заев.

Доколку обвинителството остане на ваквото обвинение во кое вели дека примил пари, и да може да ја користи снимката од ПИ мерката како доказ, на судот не му останува ништо друго туку да донесе ослободителна пресуда, бидејќи ќе утврди дека „нема докази за земени пари“.

Во овој случај, ослободителната за Заев би била по вина на обвинителот Влатко Милошевски кој од почеток ја водел истрагата и го напишал обвинението.

-Доколку сегашната обвинителка Валентина Бислимоска се одлучи да изврши преквалификација на делото, во обид, регулирано во ставовите 1 или 2 на истиот член кој го регулира „поткупот“, тогаш ќе се доведе до ситуација да има обвинение за дело за кое се договара поткуп, што е казнинво несомнено, но во таков случај ќе отпаднат ПИ мерките како докази, затоа што не се предвидени за таа квалификација.

И во тој случај, Судот би донел ослободителна, бидејќи нема докази, анализира порталот Сведок.мк.

-Третата опција што и стои на обвинителката Бислимоска е да го повлече обвинението и тогаш судот би донел одбивателна пресуда. Но, оваа варијанта би била потешко остварлва затоа што обвинителството и по промена на обвинителите продолжи да го застапува обвинението убедено дека Заев барал поткуп од по 3 евра за метар државно земјиште за кое купувачот требало да плати по 71 денар пазарна цена, а 3-те евра да бидат распоредени: 1 евро за СДСМ, 1 евро за Црквата и 1 евро за Заев, а парите требало да ги однесе во менувачницата на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, анализира Сведок.

Најнови вести