вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со истраги и рочишта за неколку случаи на СЈО, власта се обидува да се спинува носењето на противуставниот закон за јазици

Со истраги и рочишта за неколку случаи на СЈО, власта се обидува да се спинува носењето на противуставниот закон за јазици

Според информациите кои струјат во јавноста, планот на СДСМ и Талат Џафери е на сила, преку кршење на Деловникот на Собранието, целосно игнорирајќи ги над 36те илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, да го донесат неуставниот закон за јазици.

Со цел да се замајува јавноста и да се оттргне вниманието од ова скандалозно носење на неуставен закон, за денес се закажани повеќе рочишта за предмети на СЈО, а гласно се говори и за отворање на нови случаи.

Со истраги за „Актор“ и објавување на неосновани информации, се прави директен обид за спинување во јавноста.

Дел од медиумите вчера пишуваа дека истражителите ангажирани од СЈО се нашле на голема мака соочени со притисокот да процесуираат уште еден случај поврзан со грчката компанија Актор. Од една страна бил притисокот по секоја цена да се конструира уште еден предмет против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга да се изземат од одговорност меѓународните претставници кои учествувале и го мониторирале целиот процес уште од самиот почеток.

За денес е закажано рочиште за случајот на СЈО, „Тревник“ каде првообвинет е новинарот Драган Павловиќ Латас.

Рочиште е закажано и за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро.Овој случај е особено предмет на интерес кај граѓаните, па власта мисли дека ќе претставува дел од фарсата со која сакаат да не се забележи грубото кршење на устав во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека власта мора да се вразуми и да го почитува Деловникот.

-Законот за двојазичност треба да се повлече и да се дискутира бидејќи е неуставен, неприменлив и носи сериозен долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија. Почитувањето на законите онаму каде што се носат е насушно потребно, за истите да имаат своја тежина. Законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило. Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одлучил да ја прекине денешната теренска агенда на посети на населени места и средби со граѓани поради, како што велат од паријата, сериозноста околу носењето на неуставниот закон за јазици кое го најавува парламентарното мнозинство на СДСМ за денес во Собранието на Република Македонија.

 

 

Најнови вести