четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Софија Куновска жестоко против Шекеринска: Дали јавното обвинителство ќе покрене постапка против министерката за тендерот без лиценца за мазут?

Софија Куновска жестоко против Шекеринска: Дали јавното обвинителство ќе покрене постапка против министерката за тендерот без лиценца за мазут?

Во својот најнов Фејсбук статус поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска му честита на СЈО за откривањето дека поранешен министер за земјоделство дава пари на продуцент без лиценца, додека Јавното обвинителство премолчува доделување на тендер од страна на актуелна министерка на фирма без лиценца за мазут.

-Честитки за СЈО!

Открива дека поранешнен министер за земјоделство дава пари на продуцент БЕЗ ЛИЦЕНЦА и покренува постапка.

Прашање за ЈО:
Актуелна министерка доделува тендер на фирма БЕЗ ЛИЦЕНЦА за мазут, и?

Законите биле за поправка. “Ма јели могуче?!?!?“, стои во нејзиниот најнов пост на ФБ.

Инаку поранешната пратеничка на СДСМ Куновска исто така на својот ФБ профил обвини дека Радмила Шекеринска и Зоран Заев го киднапирале статутот на партијата.

Најнови вести