Властите на бугарскиот главен град Софија ќе го забранат возењето со коњски коли по градските улици во пресрет на бугарското претседавање со Европската унија.
-Коњските коли се опасност на патот, го валкаат градот и се забранети во сите главни градови во Европа, освен таму каде се користат во туристички цели, изјави Симеон Славчев, член на Советот на градот Софија.
Во Софија и сега е забрането возење на коњски коли низ центарот на градот, но е дозволено само во приградските населби, но оваа забрана не се почитува многу и често се случува запрегите да се видат низ центаралните делови.
Славчев вели дека во рамките на новите мерки, ќе се запленуваат како колите така и коњите.