недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал за да го истражи криминалот“

„Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал за да го истражи криминалот“

Оливер Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал за да го истражи криминалот, со што помогнал во избегнување на правдата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите гледаа дека Спасовски беше во постојано друштво и соработуваше со Боки 13, додека тој вршеше милионски Рекет низ државата. На вчерашното рочиште се потврди тоа. Иако во постојано комуникација со Боки 13, Русковска не го повика на распит и чекаше јавноста да дознае за неговиот однос со Боки 13 од сведочење на жртва во случајот. Спасовски не може да ја манипулира јавноста. Не можел тој како прв човек на МВР да не знае за криминалот на Боки 13. Не можел, а да не го забележи луксузот, а да не се запраша колкава му е платата, дали некаде е вработен и колку плаќа даноци!? Спасовски знаел за криминалот бидејќи за криминалот имале оперативни информации службите  со кои раководел, многу повеќе и многу порано од секој обичен граѓанин, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Оливер Спасовски нема кредибилитет да биде министер повеќе.

-Оливер Спасовски со намера се зближил со Боки 13 кој во тој период вршел милионски рекет и свесно ја промовирал нивната блискост за да се стекне впечаток дека тој ја има медиумската поддршка на Боки 13, а Боки 13 ја има полициската поддршка на Спасовски. Оливер Спасовски нема кредибилитет да биде министер повеќе. Оливер Спасовски треба да одговара за неговата улога во рекет. Сите злоупотреби ќе се истражат и откријат, а одговорност ќе има после 12 април откако ликови како Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе бидат поразени и нивниот „рекет” систем ќе замине во историјата, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести