среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски и Филипче во хајка против лекарите кои се во првите борбени линии против коронавирусот

Спасовски и Филипче во хајка против лекарите кои се во првите борбени линии против коронавирусот

Јавното здравство во Македонија на чело со министерот за здравство Венко Филипче за некого мајка за некого маќеа.

Откако јавноста гневно апелираше на најстроги санкции уште на прво заболениот здравствен работник, директорката на клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска таа речиси доби помилување од страна на министерот кој денеска откри дека ќе санкционира доктори иако матичните лекари и голем дел на останат медицински персонал дури денеска добија маски за заштита.

„Доколку се востанови дека некој се појавил на работа, а знаел дека има сиптоми, ќе следат санкции. Целосно е испочитуван протоколот и се работи во групи“, рече министерот за здравство Филипче.

Бројот на заболени здравствени работници од коронавирус до вчера беше 17, а добар дел од нив, не биле свесни дека имале контакт со некој заболен, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес конференција.

На Клиниката за кардиологија, еден од членовите на резервниот тим, на работа пријавил симптоми за коронавирус. Вработениот бил на оддел каде нема лежечки пациенти туку само за интеревенција, и со тоа лекарите се целосно заштитени.

Министерот додаде дека денеска маски добиле и матичните лекари. Тоа се случува по толку денови поминати од отворањето на кризата по што се поставува прашањето дали тој селективно ќе постапува кон лекари кои не по нивна вина се заразени бидејќи здравствениот систем не ги заштитил навремено, останува да видиме.

На исти став е и техничкиот премиер на земјава Оливер Спасовски кој јавно во емисијата „Само вистина“ на канал 5 телевизија вечерва ги нападна лекарите и ги обвини дека несовесно се заразувале со вирусот.

-Факт е дека има заразени лекари, ама мора да одговорите на прашањето од каде се заразени тие лекари? Најголемиот дел не се заразени од болница и од пристап кон пациенти, вели Спасовски, тој на реплика на новинарот дека една се заразила од скијање, тој додава дека не само една.

Новинарот го потсети и дека во Куманово медицинскиот персонал се заразил директно од пациент, по што на тоа тој реплицираше дека во Куманово се само тројца такви лекари.

-За останатите ајде набројте ми од каде се заразени? Од што биле во контакт со пациенти или биле во контакт со директори на компании, кои што оделе надвор од државата и не биле одговорни и го ширеле вирусот, рече Спасовски.

Од овде се поставува прашањето дали следни кои ќе бидат санкционирани на листата на Спасовски се полицајците и војниците кои како што самиот кажа денеска ќе добијат маски заедно со медицинскиот персонал. (за потсетување) маски ќе добијат по три недели откако во Македонија се воведоа првите ригорозни мерки.

Овој напад на лекарите инаку е одраз на неспособноста на Владата која ја трансферира одговорноста врз оние кои се на првата линија со Коронавирусот во Македонија.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, од кои три лица се излечени, а три починаа.

Од 219 регистрирани позитивни на коронавирусот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 41 лице, седум се во потешка состојба но респиратно независни, 27 се во средно тешка и 7 се со полесна клиничка слика. Другите се на домашо лекување. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип.

Најнови вести