понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски во посета на Старо Нагоричане

Спасовски во посета на Старо Нагоричане

Го подобруваме планинскиот, селскиот и културно-историскиот туризам во Општина Старо Нагоричане, за општина како атрактивна туристичка дестинација.

Тоа значи креирање програми за поддршка на граѓаните од општината кои доаѓаат од програмите за рурален развој и за поддршка на земјоделството:

➡️Бесплатна зелена нафта, поврат на персонален данок за земјоделците, средства кои тие можат да ги реинвестираат во модернизација на нивните земјоделски дејности.

➡️Поддршка на млади и на жени земјоделки за кои се определени средства и до 10.000 евра.

➡️Силен потенцијал има и ИПАРД програмите за финансирање во земјоделството и сточарството за што има бесплатна обука на фармери за поефикасно искористување на ИПАРД средствата.

➡️Во изминатите 3 години, како Влада инвестиравме 1.430.000 евра за патна инфраструктура: рехабилитација на регионалниот пат Младо Нагоричане – Пелинце, и за регионалниот водовод за Младо Нагоричане.

Инвестираме во рамномерен регионален развој и во заштита на животната средина.

Најнови вести