среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Според граѓаните: Лошата економија и невработеноста се најголем проблем во Македонија

Според граѓаните: Лошата економија и невработеноста се најголем проблем во Македонија

Најголемиот проблем за македонските граѓани е лошата економија и невработеноста. Ова го покажаа резултатите на теренската анкета спроведена на 1013 испитаници.

17% од нив ја навеле економијата како најголем проблем со кој секојдневно се соочуваат, а 16% ја избрале невработеноста како проблем во државата.

Потоа следува нискиот стандард во кој живееме и коронакризата со по 9% од одговорите, а како проблем се наведени и меѓусоседски односи.

Анкетата е спроведена од 18-ти до 31-ви мај.

 

Најнови вести