Вечерва во live chat од Општинскиот комитет Аеродром, доктор Синиша Стојаноски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМЕ во Изборната единица 1, порача дека ниедна држава не може да има иднина, ако нема добро образована младина, затоа со обновата ќе се трудиме младите да останат и да даваат придонес тука.
-Одливот на квалитетен кадар е сериозен проблем, и ова е сегмент кој со обновата ќе го разработиме до најситен детал, за да се потрудиме тие млади луѓе да останат, да можат да произведуваат капацитет и да даваат придонес во Македонија, рече Стојаноски.
Стојаноски потенцираше дека ние не можеме да очекуваме да имаме квалитет кадар којшто ќе се бори дома и надвор од Македонија, а да се образова во субстрандардни услови, затоа мора да инвестираме во образованието многу повеќе.