Во моментов наместо да се решаваат проблемите, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска се занимава со технички работи, што ги влошува состојбите и ги креира проблемите кои се докомплицираат за да дојдеме во состојба како во неделата цело Скопје да смрди од смет, сериозна закана за здравје, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска за „Анализа“ на ТВ24.
Стојкова Серафимовска истакна дека очигледно е дека градоначалничката на град Скопје не знае да менаџира со градот и она што го ветуваше не може да го реализира.
– Самата таа застана позади една програма, ветуваше најеколошки стандарди за депонија за Скопје и еве нема збор за ветувањето веќе две години. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се приклучи и градоначалникот од СДСМ од Центар се обидоа во моментот да го решат проблемот да помогнат, што еве гледавме дека наместо на соработка наиде на осудување. Ова беше целосно надвор од контрола, потенцираше таа.
Стојкова Серафимовска посочи дека наредната недела најавено е дека ќе има седница и треба да се побара одговорност од градоначалничката.