Имаме влада предводена од ДУИ и СДСМ која за жал 6 години работи да создаде несреќен народ. Народот нема доверба во државата, нема доверба во системот, во судството, нема доверба во ниту една институција. Младите кои се едни од најголемите фактори како една населението во една држава се чувствува се целосно обесхрабрени да и веруваат почитуваат и да придонесуваат за развојот на оваа држава, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во „За или против“ на Алфа
Стојкова Серафимовска истана дека немаме институции, образованието е хаос, ништо не функционира, има тортура, а младите се под постојан притисок, стрес и не гледаат иднина.
– Не гледаме иднина во ниту едно поле, не гледаме функционалност во ниту една институција, ниту едно министерство. Вчера излезе и извештајот од Стејт департментот кој опоменува дека во судството има проблеми, дека има корупција. Сите тие работи дополнително влијаат, рече таа.
Стојкова Серафимовска нагласи дека власта создава акултурација, на општеството му ја одзема и се обидува да ја смени колективната меморија.
– Во таква средина се губи чувство на припадност, а кога човек чувствува дека не припаѓа никаде и нема заштита, нормално е да се чувствува неверојатно несреќен и депресивен. Во овие 6 години Македонија помина низ болни периоди, процеси на насила промена на име, менување на историја без никаков легитимитет, влада без легитимитет, а премиерот кажува дека не е важно народот што мисли, потенцира Стојкова Серафимовска.
Таа посочи дека покрај тоа за да се зацементира таа состојба со оваа власт стандардот е катастрофален, платите, катастрофални, цените растат,
– Оваа власт ја интересираат закони за коцкарници, провизии, сомнителни избори за надзор, отворање на фирми на роднини, скандал до скандал. Со ваква влада не може да се седне да се разговара, изјави Стојкова Серафимовска.