вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стопанските комори контра Владата: Нереални буџетските проекции за 2021, владата целосно потфрли

Стопанските комори контра Владата: Нереални буџетските проекции за 2021, владата целосно потфрли

Владата го одобри буџетот за 2021 година, но економските комори на Македонија велат дека проекциите се нереални во време кога земјата и целиот свет се соочуваат со тешки последици од пандемијата на корона вирусот.

Предлог-буџетот за следната година се предвидува да биде над 4 милијарди евра.

Од даноци и други приходи се планира да се соберат 3,4 милијарди евра, додека остатокот од околу 500 милиони евра ќе треба да се обезбедат од заеми и од приватизацијата на земјоделското земјиште и на државните претпријатија.

Дрилон Исени од Стопанската комора на северозападна Македонија, смета дека многу од мерките, предвидени во буџетот не мжат да се спроведат во пракса. Тој вели дека загрижувачки од предлог буџетот за идната година, се очекувањата на владата да обезбеди приходи од даноци во вредност од 3,5 милијарди евра.

Исени за Радио слободна Европа на албански јазик, вели дека оваа проекција е нереална затоа што македонската економија е многу ослабена, а пандемијата со корона вирусот сеуште не е завршена и не се знае кога точно ќе заврши.

„Многу од мерките не можат да се спроведат во пракса. Најзагрижувачки во овој предлог-буџет се очекувањата на владата за обезбедување приходи во буџетот од 3,5 милијарди евра. Сметаме дека овие очекувања се нереални, бидејќи во време кога пандемијата сè уште не е завршена, во ситуација кога економската активност е забавена, како во однос на потрошувачката, извозот на стоки или услуги што се намали на минус 32 проценти, како и увозот минус 30 проценти, прашање е како може да се постигнат приходи од 3,5 милијарди евра“, вели Дрилон Исени од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Сојузот на стопански комори на Македонија ја проценува потребата за поддршка не само на здравствените и другите социјални аспекти на категориите кои се под ризик од пандемија, туку и да не се исклучат другите сектори на кои ќе им биде потребна финансиска поддршка, мислејќи на стопанството.

Претседателот на Комората, Даниела Арсовска на својот официјален Фејсбук профил, ја истакна итната потреба за спроведување на мерките од Четвртиот пакет за економска помош, бидејќи, како што вели, оптимизмот кај граѓаните но и економијата е намален.

„Следната година треба да биде година на справување со неформалната економија и корупција, година на елиминирање на оние субјекти кои работат нерегистрирани и заработуваат милиони без да дадат ниту денар до државниот буџет“, пишува Арсовска.

Најголем дел од парите, скоро 1,5 милијарди евра се предвидени за социјална заштита, потоа за економските прашања 1,14 милијарди евра, 600 милиони евра треба да одат за здравство, 465 милиони евра за образование, 280 милиони евра се предвидени за јавниот ред, 161 милиони евра за одбрана и 23 милиони евра за животната средина.

Најнови вести